Милан го продава Салемакерс во Шпанија

Алексис Салемакерс е на излезна врата од Милан, и најверојатно ќе се пресели во Шпанија. Белгиецот е блиску до потпис со Бетис, јавуваат шпанските медиуми.

И покрај тоа што беше поврзуван со Олимпик Марсеј, сепак, на крајот се чини дека тој ќе се пресели во Андалузија.

Останува само шпанскиот тим да добие зелено светло од Милан, а се чини тоа ќе се случи во следните денови со оглед дека и „росонерите“ се желни да го продадат Белгиецот.

Се вчитува...