Дефанзивецот на Милан, Пјер Калулу го продолжи договорот со „росонерите“ до 2027 година. 22-годишниот Французин се реши да остане на „Сан Сиро“ и во следните пет години, откако во 2020 година дојде во тимот од Милан.
Калулу се наметна како еден од најдобрите стопери, и беше еден од заслужните за титулата освоена минатата сезона.
Калулу има француско државјанство, и играше за помладите селекции на Франција, како и за олимпискиот тим. Но, размислува да го смени пасошот и во иднина да настапува за репрезентацијата на Конго, од каде што потекнува, особено што не се најде на списокот на светскиот првак за Мундијалот во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА