Белгискиот фудбалер Шарл де Кетелар, официјално потпиша за Милан, и така стана најскапото засилување во ерата на Паоло Малдини и Федерико Масари.
Де Кетелар го одбра дресот со број 90 во Милан, а потпиша договор на пет години, со кој ќе заработува 2,2 милиони евра по сезона.
Клубот од „Сан Сиро“ цело лето се обидуваше да го ангажира играчот на Бриж, на крајот успеа да дојде до договор со белгискиот првак. Милан ќе му плати на Бриж 32. милиони евра, а тимот може да инкасира дополнителни три милиони низ бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

