Милан го растури Интер за пласман во финале на Купот на Италија (ВИДЕО)

Убедлива победа на Милан во градското дерби против Интер од 3-0 на реваншот во полуфиналето на Купот на Италија, откако првиот меч заврши без победник 1-1.

Полуфиналистот во ЛШ одигра бледо, а Милан одлично и заслужено оди во финалето. Уште еднаш сезонава „росонерите“ го најдоа лекот за својот градски ривал, и така го отпишаа во трката за тројната круна.

Лука Јовиќ е апсолутен херој на Милан, со два гола. Првиот во 36. минута, а вториот во 50. минута за предност од 0-2 на Милан. Милан одигра одлично во одбрана, супер беше и Мајк Мењон, а потоа Рејндерс во 86. минута ги згасна сите надежи на градскиот ривал.

Милан во финалето за пехарот ќе се бори најверојатно со Болоња, која има предност од 0-3 по првиот меч против Емполи.

Се вчитува...