Милан го одигра својот најдобар меч сезонава откако „росонерите“ вечерва како гости го совлада Удинезе со 0-4. Тимот на Серџо Консеисао беше без победа во претходните две рунди, но тоа послужи како мотив плус, да се одигра максимално во текот на сите 90 минути и да се стигне до заслужена победа,
Рафаел Леао доби шанса од првата минута и Португалецот веднаш ја оправда довербата, постигнувајќи еврогол за водство од 0-1 пред крајот на првото полувреме. Домаќините беа во шок, а Милан го искористи тоа за да постигне и втор гол, преку Страхиња Павловиќ по корнерот на Пулишиќ.
Второто полувреме почна со страшниот судир на голманот Мењон со дефанзивецот Хименез, по што чуварот на мрежата на „росонерите“ мораше да биде пренесен во болница. Штом се опоравија од шокантните сцени, неговите соиграчи успеаја да постигнат уште два гола, првиот преку Тео Хернандез, пред Реиндерс да ги постави конечните 0-4 на „Фриули“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА