Милан го сака Кулушевски на позајмица до крајот на сезоната

Милан сака да го ангажира Дејан Кулушевски од Јувентус на позајмица до крајот на сезоната. Швеѓанецот со потекло од Македонија го бара Евертон, но тој одби да им се приклучи на „Карамелите“, одбивајќи и други понуди од странство бидејќи сака да продолжи да игра во Италија.

Јувентус пред една година го привлече Кулушевски од Аталанта за 35 милиони евра. 21-годишниот фудбалер покажа дека има потенцијал, но очигледно во Торино не гледаат голема иднина пред него.

Сезонава офанзивниот играч за врска настапи на 27 натпревари, иако во повеќето влезе како резерва успеа да постигне 2 гола и 3 асистенции.

 

 

 

Се вчитува...