Милан го слави Пулишиќ: Од 2-0 до 2-3 за огромна победа

Милан се врати на врвот на табелата во Серија А откако во последниот натпревар на 14. коло стигна до презначајен триумф на гостувањето кај Торино славејќи со 2-3 по голем пресврт.

„Росонерите“ губеа со 2-0 по само 17. минути игра откако мрежата ја затресоа Влашиќ од пенал во 10. минута и Запата на асистенција на Хрватот седум минути подоцна, но веќе во 24. минута Рабио намали на 2-1.

Пресвртот стигна во второто полувреме и го приреди Пулишиќ кој доби шанса во 66. минута. Само минута подоцна Американецот успеа го изедначи резултатот (2-2), а 10. минути подоцна и да го комплетира превртот.

Со овој триумф Милан се врати на првата позиција на табелата со 31 освоен бод, исто колку што има и Наполи. Торино пак останува на 13. позиција на табелата забележувајќи го третиот пораз во низа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...