Милан губеше 2-0 од Лече, па победи со пресврт од 13 минути (ВИДЕО)

После неверојатното коло во Бундеслигата попладнево, неверојатен меч се одигра и во Италија, каде што Лече „прокоцка“ предност од 2-0, и загуби од Милан со 2-3.

„Росонерите“ се разбудија на време, и за само 13 минути дојдоа до три гола и до пресврт, за на крај да слават триумф.

Крстовиќ уште во 7. минута го нанесе првиот шок на Милан. Во првиот дел два гола беа поништени на Милан, и на полувреме Лече замина со предност.

Истиот играч Крстовиќ во 59. минута од средбата донесе нов шок за гостите. Се чинеше дека Лече ќе дојде до голем триумф, но…

Се почна од автоголот на Гало во 68. минута, кога Милан успеа да намали. Пет минути подоцна Пулишиќ од пенал донесе израмнување. Потоа во 81. минута Пулишиќ, овојпат од игра, донесе пресврт и победа за Милан.

Се вчитува...