Милан и Џенова ремизираа во голеадата на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан и Џенова одиграа без победник 3-3 во најинтересниот натпревар од денешната програма од 35. коло во италијанската Серија А.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Ретегуи од пенал во 5. минута. До крајот на првиот дел беше 1-1 откако прецизно за домаќините стрелаше Флоренци во 45. минута. Ново водство за џеновјаните донесе Екубан во 48. минута. Следеше „блиц-криг“ на избраниците на Пиоли кои за само три минути од 72. до 75. минута направија целосен пресврт (3-2) со погодоците на Габија и Жиру.

Сепак „росонерите“ не успеаја да стигнат до триумф бидејќи Тиа си постигна автогол во 87. минута за конечни 3-3.

AC Milan 3 – [3] Genoa – Mateo Retegui 87′
byu/etclassico insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...