Интер и Милан направија џиновски чекор напред кон реализација на проектот – нов супермодерен стадион во Милано откако конечно успеаја да го откупат стадионот „Сан Сиро“ од градот.
Преговорите на оваа тема траеја неколку години, на крајот по 11-часовна расправа беше даден зелено светло за купопродажба, по што големите градски ривали од денеска и официјално станаа ко-сопственици на овој италијански фудбалски храм.
„Милан и Интер објавуваат дека е потпишан купопродажниот договор со градот Милано со што се стекнуваат со сопственост над урбаното подрачје на Сан Сир кое го опфаќа стадионот и околното земјиште“, се вели во заедничкото соопштение на италијанските фудбалски гиганти.
„Росонерите“ и „нероаѕуритее“ платија 197 милиони евра за постоечкиот стадион, а најавата вели дека новиот супермодерен стадион ќе чини повеќе од една милијарда евра, трошок што ќе го поделат двата клуба кои потоа и заедно ќе ја користат оваа арена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

