Италијанските гиганти Интер и Милан се договориле околу изградба на нов стадион кој ќе чини 700 милиони евра, а треба да биде изграден до 2022. година, пренесуваат медиумите на Апенините.
Стадионот треба да е готов за почетокот на сезоната 2022/2023 и ќе се наоѓа до постоечкиот „Џузепе Меаца“, а од двата клуба се уште не се одлучиле што ќе се случи со просторот на кој во моментов е стариот стадион, кога тој ќе биде срушен. Напуштена е идејата тој да биде реновиран, бидејќи се очекува да биде уреден просторот околу новиот стадион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА