Милан и Интер ја продолжуваат активната трка за врвот во Серија А, запишувајќи победи и во 13. коло.
Миланезите победија со 1-2 на гостувањето против Сасуоло, благодарение на најбрзиот гол во историјата на Серија А кој го постигна Португалецот Леао по само седум секунди игра, а 0-2 веќе беше во 26. минута од средбата.
Интер со идентични 2-1 ја победи Специја со головите на Хакими и Лукаку во второто полувреме.
Џенова загуби на гостувањето од Беневенто со 2-0. Горан Пандев се врати на терените, по паузата поради повреда, одигрувајќи ги последните 30 минути на дуелот но без посериозна можност да го спаси својот тим од пораз.
Илија Несторовски, пак, ги одигра последните 15 минути во ремито на Удинезе на гостувањето против Каљари.
РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛО
Беневенто – Џенова 2-0
Каљари – Удинезе 1-1
Интер – Специја 2-1
Сасуоло – Милан 1-2
Аталанта – Рома (18 ч.)
Лацио – Наполи (20:45 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

