Стадионот на калчолигашите Интер и Милан, „Џузепе Меаца“ кој се наоѓа во квартот Сан Сиро во Милано, оди во историјата. Миланските клубови потврдија дека ќе биде урнат, а на негово место ќе бидат изградени стамбени згради.
„Градиме нов стадион во близина на стариот. „Џузепе Меаца“ ќе биде урнат, а на негово место ќе бидат изградени стамбени згради“, изјавија претседателите на Интер и Милан Паоло Скарони и Алесандро Антонело.
Легендарниот стадион кој е отворен во 1926 година е еден од најпрепознатливите во светот, карактеристичен по 11 бетонски столбови и црвениот кров. На „Сан Сиро“ се одиграни вкупно четири натпревари во Купот на шампионите и Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА