Милан и Интер се „тепаат“ за талент од втората Бундеслига

Милан и Интер се интересираат за 17-годишен играч од средниот ред на Шалке, Асан Уедраого, тврди „Газета“.

Изданието тврди дека главниот скаут на Милан, Жофре Монкада го следел Уедраого во последните две години, така што „росонерите“ се подготвени да испратат понуда з германскиот талент, кој ќе биде дел од Светското првенство до 17 години кое почнува утре.

Интер го следи германскиот талент помалку време, но се решени да испратат понуда до Шалке веднаш штом играчот наполни 18 години во мај идната година.

Шалке би можел да го пушти за некаде околу 12 милиони евра.

Се вчитува...