Милан и Јувентус извисија, Конте останува во Наполи

Без разлика што ќе се случи оваа сезона во Серија „А“, тренерот на Наполи Антонио Конте ќе остане во клубот и следната сезона, пренесуваат медиумите во Италија. Оваа информација донесе разочарување кај големите ривали Милан и Јувентус, кои го посакуваат Конте по крајот на сезоната.

Конте на почетокот на оваа сезона го презеде Наполи, во еден миг беше и првопласиран тим, но и натаму е во битка за титулата со Интер. Сепак, и покрај интересот, Конте се одлучил да остане во Наполи и следната сезона, сакајќи да го води овој тим во Лигата на шампионите.

Наполи се очекува да биде активен на пазарот на играчи во летниот преоден рок, пред се поради средствата што ќе ги заработи од очекуваната продажба на Виктор Осимено во Галатасарај, каде што настапува како позајмен. Исто така клубот добро заработи од Квича Кварацхелија кој замина во ПСЖ, а Конте ќе има големо влијание во носењето на играчи во следниот преоден рок. 

Се вчитува...