Милан и Лацио во трка за Шкодран Мустафи

Италијанските калчолигаши Милан и Лацио се заинтересирани за ангажман на дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи. Тој доби дозвола од менаџерот Унаи Емери да си замине доколку добие примамлива понуда, но главна пречка е неговата голема плата. Тој заработува 80.000 фунти седмично како играч на Арсенал, а тоа нема да можат да си го дозволат ниту Милан, ниту Лацио.

Мустафи е подготвен и на намалување на платата само да го реализира трансферот во Серија А. „Росонерите“ засега се поактивни и отпочнаа преговори со Арсенал. „Топчиите“ бараат отштета од 15 милиони фунти за одбранбениот фудбалер.

Се вчитува...