Милан и на „Велодром“ ја покажа својата моќ триумфирајќи со 2-0 на пријателскиот натпревар против Марсеј.
Актуелниот шампион на Италија го покажа своето најдобро лице, иако не беше комплетен и се уште низ фазата на подготовки за новата сезона.
„Росонерите“ двата гола ги постигнаа во првиот дел, и двата пати по слабите реакции на Сеад Колашинац. Месиас му побогна на Колашинац во 11. минута и погоди за 1-0, а лесно се реши од него и во 28. минута пред да му асистира на Оливие Гиру за конечни 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА