Милан и наплати на Венеција за претходните три киксеви (ВИДЕО)

Конечно и Милан победи во Серија А, триумфирајќи во 4. коло против Венеција со убедливи 4-0.

Венеција го плати цехот за претходни три неуспеси на „миланезите“ кои дури во четвртата рунда натпревари успеаја да дојдат до првата победа во сезоната.

Тео Хернандез уште во 2.минута ја најави победата на домашните, а потоа стрелаа и Габиа во 16. минута, Пулишиќ во 25. минута и Абрахам од пенал во 40. минута. Се беше решено само за едно полувреме.

Во вториот дел само рутински се одржуваше предноста за три бода.

Се вчитува...