Фудбалскиот клуб Милан официјално објави дека ја продолжи соработка со данскиот дефанзивец Симон Кјаер. Капитенот на Данска доби понуда за продолжување на договорт по одличните игри во изминатиот период.
Фудбалерот стави потпис на нов четиригодишен договор и уште долго време ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на „Сан Сиро“.
32-годишниот фудбалер неодамна се најде на листата од 30 кандидати за „Златната топка“. Тоа е доказ за добрата форма која ја има во дресот на Милан и данската репрезентација. Симон Кјаер дојде во Италија зимата 2020 година, првично како позајмен фудбалер, но откако ги задоволи очекувањата, доби договор од тимот на Милан кој во моментов е лидер во Серија А и оваа сезона ќе биде еден од кандидати за Скудетото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА