Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги по завршувањето на сезоната оди во Милан како слободен фудбалер. 26-годишниот Белгиец се согласил на четиригодишен договор со „росонерите“, за плата од 3,5 милиони евра годишно.
Ориги за да дојде на „Сан Сиро“ наводно одбил три клуба: Њукасл, Кристал Палас и Баер Леверкузен.
Сезонава во пет меча постигнал два гола во Премиерлигата. Со оглед на малата минутажа во таборот на Ливерпул, ќе ја смени средината со надеж дека ќе добива повеќе шанси во Милан и во Серија „А“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА