Милан и Пиоли близу до договор за продолжување на соработката

Италијанскиот гигант Милан и тренерот Стефано Пиоли се блиску до договор за продолжување на соработката на тренерот со клубот, под чие водство „росонерите“ се претставуваат одлично од почетокот на сезоната во Серија А.

Според италијанскиот новинар Николо Скира, преговорите се во завршна фаза и Пиоли ќе биде награден со нов договор со зголемување на годишната плата од 2 милиони евра на 3 милиони евра, без да се земат предвид бонусите. Договорот ќе трае до 2024 година.

Вчера Милан одигра градското дерби со Интер кое заврши нерешено 1-1, а со тоа Милан е на делба на првата позиција со Наполи. На вкупно 12 меча во шампионатот досега, Милан загуби само 4 бода, не успеа да победи само на два, дербито со Јувентус и Интер.

Се вчитува...