Сампдорија и Милан се судрија во рамки на 6-то коло од италијанската Серија А. „Росонерите“ обезбедија уште еден нов триумф од 1-2 за нови три бода.
Јуниор Месијас уште во 6. минута го отвори натпреварот, донесувајќи рано водство за гостите. Милан за момент поведе и со 0-2, но по консултација со ВАР собата голот беше поништен. На полувреме се замина со минимално водство за гостите.
Вториот дел стартуваше лошо за Милан, откако Рафаел Леао заработи втор жолт картон што значеше и црвен. „Росонерите“ останаа со играч помалку по еден незгоден удар што го упати Португалецот кон противничкиот играч, при обид да изведе „ножички“. По ваквиот расплет на настаните, за само десет минут домаќините изедначија на 1-1, стрелец за Сампдорија беше Филип Џуришиќ во 57. минута.
Победата на Милан ја донесе Оливие Жиру, кој беше прецизен од белата точка во 66. минута. По овој триумф „росонерите“ запишаа 14 поени и се изедначија со лидерот Наполи во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА