Милан му го нанесе првиот пораз на Наполи во новата сезона славејќи во дербито на 5. коло од Серија А со 2-1.
„Росонерите“ стигнаа до предност уште во 3. минута од средбата кога мрежата ја затресе Салемакерс, а веќе во 31. минута домаќините преку Пулишиќ стигнаа и до двојна предност.
Милан остана со играч помалку во 57. минута по директниот црвен картон на Еступиан по што Де Брујне беше сигурен од белата точка за намалување на негативата на 2-1.
Македонскиот репрезентативец Елис Елмас доби шанса во 72. минута, токму на местото на Белгиецот, но не го круниса настапот со гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

