Милан и Тотенхем се договорија за бразилскиот дефанзивец Емерсон Ројал. За 25-годишниот дефанзивец, „Росоњерите“ ќе платат нешто повеќе од 15 милиони евра.
Емерсон долго време е „таргет“ на Милан, но двата клуба долго време не успеваат да се договорат. Сепак, сега сите противречности се веќе надминати, и нема никакви пречки за трансфер.
И самиот Емерсон истакна дека сака да се пресели во Милан. За Тотенхем минатата сезона одигра 24 натпревари.
Досега Милан ги ангажираше Алваро Мората и Страхиња Павловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА