Милан има голема шанса за победа: Кариус вечерва на голот на Њукасл?

Првиот голман на Њукасл, Ник Поуп е повреден и ќе отсуствува неколку месеци. Во моментов голот на овој тим го чува Мартин Дубравка, но и тој е неизвесен во пресметката со Милан вечерва, па не е исклучена можноста Лорис Кариус по долго време да брани на еден меч во Лигата на шампионите.

Последен настап на Кариус во ЛШ беше дуелот против Реал Мадрид во финалето во 2017 година, кога направи кобни грешки и го остави Ливерпул без титулата во ова натпреварување.

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау најави дека Кариус би можел да застане меѓу диреците.

„Не е јасно дали Дубравка ќе може да брани, тоа ќе се знае непосредно пред мечот. Ако не може, тогаш Лорис Кариус е подготвен“, изјави Хау.

На двата тима само победа им одговара за да одат во следната фаза во ЛШ, но под услов ПСЖ да загуби на гостувањето во Дортмунд.

Се вчитува...