Роберт Левандовски игра одлично во Барселона, но бидејќи има 37 години, неизвесно е дали ќе остане во Шпанија. Каталонците размислуваат дали да го продолжат договорот поради неговите години, но Полјакот сигурно нема да има проблем да најде нов клуб.
Имено, по Милан, каде што Златан Ибрахимовиќ лобира за негов трансфер, во приказната се вклучи и Фенербахче.
Тамошната лига сè повеќе привлекува искусни играчи, кои, освен финансиска добивка, сè уште можат да играат во најсилните европски натпреварувања со своите клубови.
Сепак, Левандовски ќе донесе одлука за својата иднина дури по квалификациите за претстојното Светско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

