Милан има сериозни проблеми со навалната линија, Хименез ќе мора на операција додека Нкунку е предалеку од посакуваната форма, па Алегри беше принуден да експериментира со Леао како „деветка“, но и Португалецот во меѓувреме се повреди.
Управата е решена да доведе нов голгетер во јануари, и тоа најверојатно како позајмица, ако се знае дека приоритет за Милан е ангажман на Душан Влаховиќ на крајот од сезонава. Србинот тогаш ќе стане слободен играч по истекот на договорот со Јувентус, а „росонерите“ се фаворити во трката за негов потпис.
Во меѓувреме, ќе се бара привремена опција на позајмица, а на врвот на листата со желби е Никлас Фулкруг. Германскиот ас ја грее клупата на Вест Хем и бара клуб каде би се докажал во последните шест месеци пред СП 2026, во обид да се наметне кај селекторот на Германија.
Вест Хем исто така е подготвен да даде зелено светло ако пристигне интересна понуда, па големи се шансите Германецот на самиот почеток од 2026 да се пресели на „Сан Сиро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

