Милан е во сериозна криза, но тренерот Консеисао доби доверба да продолжи со работата. Затоа управата реши да се занимава со прашањето за нов спортски директор.
Таа функција моментално ја извршува техничкиот директор Џофри Монкада, а негов надзорник е Златан Ибрахимовиќ, советник на претседателот Гери Кардинале. Изгледа на „Сан сиро“ сфатија дека треба да назначат човек кој ќе се занимава само со тоа и кој има одредено искуство на таа позиција.
Во пол-позиција се три имиња. Поранешниот спортски директор на Лацио, Игли Таре, потоа човекот кој ја имаше таа функција во Атлетико Мадрид, Андреа Берта и Фабио Паратичи, кој се занимаваше со овие прашања во Јувентус и Тотенхем. Кардинале и Ибрахимовиќ разговарале со сите тројца во Лондон, а одлуката ќе биде донесена следните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

