Иако имаше предност од 0-1 на полувремето, Милан на крајот со наведната глава си заминува од гостувањето кај Болоња.
Кога Рафаел Леао донесе водство во 43. минута, навивачите беа убедени дека, конечно, тимот ќе тргне во вистинска насока. Меѓутоа во вториот дел два гола за Болоња, целосен пресврт и победа.
Кастро во 48. минута донесе израмнување, а во 82. минута Ндоје го донесе пресвртот и на крајот победата за Болоња.
Со овој пораз можно е да има втора смена на клупата на Милан, и Серхио Консеисао да добие отказ, исто како неговиот претходник Пауло Фонсека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

