Милан изненади: Бонифејс доаѓа на потпис на „Сан Сиро“

Милан е на добар пат да ја заврши потрагата по нов голгетер со одличен трансфер, но тоа нема да биде ниту Душан Влаховиќ ниту Расмус Хојлунд, двајцата напаѓачи со кои поранешниот европски првак преговараше во изминатиот период.

Виктор Бонифејс од Баер Леверкузен се очекува во следните 48 часа и официјално да се пресели на „Сан Сиро“ откако првите две рунди преговори меѓу клубовите дале позитивни резултати. Се очекува вкупната вредност на трансферот да изнесува околу 30 милиони евра, а неизвесно е дали Бонифејс ќе потпише перманентно за Милан летово, или ќе стане збор за позајмица со клаузула за задолжителен откуп следното лето.

Милан го продаде Окафор во Лидс за повеќе од 20 милиони евра, по што „росонерите“ експресно ќе го насочат овој буџет за нов голгетер, нешто што тренерот Алегри го бара веќе подолго време.

Бонифејс во текот на ланската сезона беше многу блиску до преселба во Ал Наср, тој трансфер пропадна во „пет до дванаесет“ , но Нигериецот веќе стави до знаење дека нема намера да потпише нов договор со Баер, поради што „фармацевтите“ и решија да го продадат летово и на негово место да донесат нов офанзивец.

Се вчитува...