Веќе нема никакви дилеми, Сеад Колашинац по истекот на договорот со Шалке ќе се пресели во Премиер-лигата и ќе го облече дресот на Арсенал. За услугите на овој одличен лев бек, кој е достапен без никаква отштета, се интересираа бројни клубови ширум Европа, минатиот месец се шпекулираше дека трансферот во Милан е веќе договорен, но Колашинац на крајот сепак избрал да им се приклучи на „топчиите“ од Лондон.
Информацијата на твитер прв ја објави германскиот новинар Рафаел Вејсвег, добро упатен во случувањата во Шалке. Тој тврди дека повеќе извори од клубот во Гелзенкирхен му потврдиле дека се е договорено, Колашинац ќе потпише петгодишен договор со Арсенал, за плата од огромни 120.000 фунти неделно.
Арсен Венгер со овој трансфер покажува решеност во следната сезона да атакува на трофеи, но останува да се види дали тој ќе успее да ги убеди своите двајца клучни играчи, Алексис Санчез и Месут Озил, да останат и да потпишат нови договори со клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА