УЕФА одлучи да ги суспендира турскиот судија Чакир и ВАР судијата Битиген поради грешките направени во натпревар од 2 коло од групната фаза на Лигата на шампиони одигран меѓу Милан и Атлетико Мадрид.
Претходно, главниот тренер на Милан Стефано Пиоли го изрази своето мислење за работата на Чакир на натпреварот со Атлетико Мадрид.
„Мислам дека главниот судија на натпреварот немаше добра вечер… Бевме казнети. Јасно е дека со десетмина на теренот требаше да смениме тактика, издржавме во поголемиот дел од натпреварот, малку недостасуваше да имаме позитивен резултат. Ова е разочарувачки за нас“, рече Пиоли.
Да потсетиме, Чакир исклучи играч на Милан во 29. минута, и во судиското продолжение на натпреварот досуди пенал за Атлетико кој го реализираше Луис Суарез и му донесе победа на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА