Милан ја „освои“ Венеција и и го закомплицира опстанокот (ВИДЕО)

Милан со головите на Пулишиќ и Хименез триумфираше со 0-2 на гостувањето против Венеција во 34. коло од Серија А и и ја закомплицира битката за опстанок.

„Миланезите“ поведоа со погодокот на Пулишиќ уште во 5. минута од средбата.

Во продолжението, домашните се обидуваа да дојдат до израмнување на дуелот но не успеаја во тоа. Напротив. Милан во 96. минута со погодокот на Хименез заокружи за конечни 0-2.


Се вчитува...