После серијата од четири натпревари без победа, Милан вечерва на домашен терен ја совлада екипата на Фиорентина со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Тео Хернандез од пенал на крајот од првиот дел.
Во второто полувреме Фиорентина се обиде да израмни, но вистински херој е голманот Мајк Мињон кој одбрани во 96. минута зицер за гостите, и така ја потврди победата на својот тим.
Милан беше во серија од четири меча без победа (порази од Јувентус и Удинезе и ремија со Лече и Наполи). Оваа победа беше одлична увертира пред мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Овој меч ќе остане запаметен и по историски моменти. Франческо Камада со 15 години играше за „росонерите“, и стана најмладиот играч кој дебитирал за Милан во историјата.
History is made 📜#MilanFiorentina #SempreMilan pic.twitter.com/Uxz3PixJ5i
— AC Milan (@acmilan) November 25, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

