Милан ја заврши работата, доаѓа европскиот шампион – „Росонерите“ создаваат супер напаѓачко дуо

Милан е при крај на преговорите со Оливие Жиру, европскиот шампион со Челси, па францускиот репрезентативец сега е близу до потпис со „росонерите“, а наводно веќе барал и куќа во Ломбардија. Неофицијално е постигнат договор за две години, 4 милиони по сезона.

Фудбалерот на Челси ќе биде засилување, играч кој ќе го предводи нападот заедно со Златан Ибрахимовиќ, но исто така ќе биде поддршка за Леа и Ребиќ, кои се дел од помладите фудбалери на „росонерите“.

Веќе е познато дека пристигна голманот на Лил, Мањан, кој ќе биде првиот чувар на мрежата, а Меите се враќа во Торино. Андреа Конти, Лаксалт, Побега, Калдара и Коломбо ќе се вратат од заеми, но единствениот кој има шанса да остане е младиот Побега. Тој играше одлично на позајмица во Ла Специја, и треба да го заземе своето место во списокот за следната сезона.

Милан се обидува да ја продолжи позајмицата на Брахим Дијаз, тие ќе го купат Тоналио од Бреша, а на крилните страни бараат алтернативи за Хернандез и Калабија. За последниот, тоа може да биде Далот, но Јунајтед бара премногу пари.

Сепак, летото е долго, а Милан уште отсега најавува дека ќе биде активен на трансфер пазарот, па насокоро се очекува официјализација на нови фудбалери кои ќе бидат дел од тимот на Милано.

Се вчитува...