Милан и Ал-Хилал се пред договор за трансфер на францускиот репрезентативец Тео Хернадез. Левиот бек ќе треба да потпише договор, со кој ќе зарабоува 19,5 милиони евра годишно.
Милан се реши да се раздели од Хернандез, откако во последната година не пружи добри парии, иако пред 2-3 години беше еден од најдобрите леви бекови на светот, и тогаш се шпекулираше за продажба за далеку поголема сума.
Францускиот репрезентативец помина шест години во тимот од Милано, а ново-стариот тренер Масимилијано Алегри ќе мора да бара негова замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

