Милан ќе го казнува Тео – на трансфер листа на лето!?

Само еден ден откако доби црвен картон и со тоа веројатно го елиминираше Милан од Лигата на шампионите, во Италија веднаш се појавија шпекулации дека „росонерите“ жестоко ќе го казнат својот фудбалер Тео Хернандез за „испадот“ по кој доби втор жолт картон, и исклучување на дуелот со Феенорд.

Вториот картон беше поради симулација, па така во 51. минута ги остави играчите на „цедило“. Тоа го искористи холандскиот тим, да израмни и да замине во 1/8 финалето.

Според „Газета“, Милан се одлучил да го казни 27-годишниот играч. А тоа е дека ќе го продава идното лето.

Актуелниот договор на Тео со Милан е до 2026 година. Преговорите за продолжување на одат во позитивна насока, па така веројатно Милан ќе се „лиши“ од неговите услуги на лето.

Се вчитува...