Раководството на Милан контактирало со Челси и Кристал Палас за да дознае под кои услови се можни трансферите на Николас Џексон и Жан-Филип Матета, објавуваат медиумите во Италија.
„Росонерите“ сакаат да привлечат нов играч кој ќе го предводи нападот на тимот, но нивните средства се релативно ограничени. На „Сан Сиро“ сметаат на фактот дека „ сините“ веќе привлекле двајца играчи на оваа позиција – Лиам Делап и Жоао Педро и би биле спремни да се разделат од Џексон за ниска сума или на позајмица со опција да го откупат по една година. Самиот Џексон има контроверзна сезона во која го предводеше нападот на Челзи, но досега успеа да постигне само 13 гола и да додаде 6 асистенции на 37 натпревари, а неговиот настап често беше критикуван, главно поради сериозните грешки што често ги прави.
Матета, од друга страна, имаше добра сезона со Кристал Палас, постигнувајќи 17 гола и четири асистенции во сите натпреварувања, а „Орлите“ го освоија ФА Купот. Сепак, Французинот има 28 години и Милан се надева дека ова ќе биде една од причините зошто „Селхерст Парк“ ќе сака да ја искористи неговата добра сезона, наместо да го задржи. Матета е проценет на околу 30 милиони евра и има договор за уште две сезони.
Во меѓувреме, Милан веќе започна со тренинзи под водство на својот нов тренер, Масимилијано Алегри. Се верува дека самиот тренер претпочита да го потпише Душан Влаховиќ од Јувентус, но Србинот засега не сака да ги напушти „бјанконерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

