Манчестер Јунајтед го загуби трпението со Рамус Хојлунд. Данскиот напаѓач ова лето и дефинитивно заминува од редовите на Манчестер Јунајтед, а се очекува преселба во Милан.
Преговорите помеѓу англискиот и италијанскиот тим се во напредна фаза за едногодишна позајмица вредна шест милиони евра со можност за откупување на неговиот договор на крајот на сезоната за дополнителни 45 милиони евра.
Хојлунд сакаше да остане дел од „црвените ѓаволи“ и да се избори за место во тимот, но со ангажманот на Бенџамин Шешко и најавеното пристигнување на Доминик Калверт-Луин му е јасно ставено дознаење дека спас на кариерата мора да бара во нова средина.
Италија е добро познато место за Данецот кој со успех настапуваше за Аталната пред преселбата во Манчестер Јунајтед вредна речиси 78 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

