Милан остана без клучната фигура во одбранта, Симон Кјаер кој заработи тешка повреда на коленото по што мораше да замине на операција која ќе го оддачели од терените и во следните два месеца, а во потрага по негова замена „росонерите“ се свртија кон Манчестер Јунајтед и Ерик Баили.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска не успеа да се наметне како стандарден првотимец по доаѓањето во Манчестер Јунајтед, а не е ни во плановите на Ралф Рангник па се поверојатно е дека ќе замине од „Олд Трафорд“.
Ваили во редовите на „црвените ѓаволи“ пристигна пред пет години за 38 милиони евра, а за неговите услуги Милан ќе треба да издвои околку 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА