Милан вчера заврши голема работа со продолжување на договорот на Рафаел Леао, а следниот на „менито“ на италијанскиот гигант е голманот Мајк Мeњан. Мeњан има одлични две сезони зад себе во дресот на „росонерите“, а тоа ќе биде наградено со нов договор од страна на полуфиналистот во ЛШ.
Затоа Милан планира да го направи вториот најплатен играч во тимот, со тоа што ќе му ја зголеми платата на 4 милиони евра, и ќе му понуди продолжување на соработката до 2028 година.
На 21 натпревар во Серија „А“ Французинот имаше осум „чисти“ мрежи. По неговото враќање на голот по повредата, Милан обезбеди полуфинале во ЛШ, но беше елиминиран од градскиот ривал Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА