Милан ќе носи и второ засилување од Челси

Раководството на Милан ги договори сите услови од трансферот на Рубен Лофтус Чик од Челси, но тоа нема да значи и крај на преговорите меѓу овие два клуба. „Росонерите“ планираат да доведат уште едно засилување од таборот на Челси, и тоа Кристијан Пулишиќ, кој со своите квалитети би бил идеално засилување за тимот предводен од Стефано Пиоли.

Пулишиќ никогаш не се наметна како стандарден првотимец во Челси, а во последната сезона неговата минутажа беше сведена на минимум. Американскиот фудбалер е еден од оние кои се наоѓаат на трансфер-листата на клубот од „Стемфорд бриџ“, Челси настојува што поскоро да го продаде за да не ги надмине границите поставени во врска со финансискиот ферплеј, а челниците на Милан се обидуваат да го искористат тоа за да ја намалат сумата што „сините“ ја бараат.

Челси од самиот почеток на преговорите инсистира на 25 милиони евра, но Милан засега не ја надмина границата од 20 милиони евра во текот на овие преговорите. „Росонерите“ најавуваат нова понуда во следните 48 часа, како притисок за Челси да ја прифати за трансферот да биде комплетиран до крајот на овој месец.

Се вчитува...