Буџетот на Милан сериозно ќе настрада ако тимот не успеа да обезбеди пласман во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, прогнозира „Газета“. Според италијанскиот весник, на Милан му се закануваат загуби од 113 милиони евра приход ако не успее да се пласира во нокаут фазата од најелитното европско натпреварување.
Росонерите во моментов се на дното на табелата, после поразот од Борусија Дортмунд на домашен терен. Во моментов имаат само пет бодови.
Само едно сценарио е можно за Милан да се пласира во 1/8 финалето, а тоа е тие да го победат Њукасл на гости, а Борусија Дортмунд на домашен терен да го совлада ПСЖ. Од таа група сигурен патник во следната фаза е Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА