Милан е активен на трансфер маркетот и пред официјалниот почеток на зимскиот преоден рок ангажирајќи нови напаѓачи. Додека во Милан се радуваат на пристигнувањето на Никлас Фулкруг од Вест Хем Јунајтед, клубот заврши уште една голема работа.
Тоа е отказот на Дивок Ориџи, фудбалерот кој во 2022 година како слободен играч се пресели во „росонерските“ редови од Ливерпул, но не покажа ни дел од потенцијалот кој го прикажување настапувајќи за англискиот гигант постигнувајќи само два голови на 27 натпревари со што во медиумите во Италија го доби епитетот на „најлош трансфер во историјата“.
Ориџи последниот настап за Милан го имаше во 2023 година и оттогаш е во „војна“ со раководството на италијанскиот клуб одбивајќи да прифати договор за спогоден раскин на соработката.
Сега 30-годишникот има месечни примања од 300 илјади евра со што неговата заработка на годишно ниво изнесува околку четири милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

