Милан купува напаѓач од Порто

Италијанскиот калчолигаш Милан се обидува да ја засили навалната линија пред стартот на новата сезона во Серија А. Тренерот Марко Џампаоло сака да доведе партнер во нападот за Кжиштоф Пјонтек, а решението го гледа во редовите на Порто.

Муса Марега е желбата на „росонерите“ и раководството на клубот е подготвено да плати 20 милиони евра за негов ангажман. Порто е елиминиран во квалификациите за Лигата на шампионите и тоа може да биде доволна причина Марега да сака да се пресели во Серија А и да го облече дресот на Милан.

Се вчитува...