Милан месец дена без Флоренци

Милан по шест одиграни кола во италијанското првенство се наоѓа на втората позиција на табелата со пет победи и само едно реми во дерби дуелот со Јувентус, а на „росонерите“ им следи и реалтивно лесен распоред во кој ќе се сретнат со Аталанта, Верона, Болоња и Торино. Но, тренерот Пиоли за овие натпревари нема да може да смета на услугите на Алесандро Флоренци.

Левиот бек кој пристигна на „Сан Сиро“ ова лето од редовите на Рома мора да помине низ оперативен зафат по повредата на менискусот со цел да биде подготвен за преостанатиот дел од сезоната, а поради истиот ќе отсуствува од терените еден месец и ќе биде подготвен за пеколниот распоред кој го очекува миланскиот клуб по тој период.

Флоренци е добро познат по повредите поради кои отсуствува од терените подолго време. Така беше и во сезоната 2016/17 кога поради две повредата на лигаментите паузираше девет месеци.

Се вчитува...