Раководството на Милан активно работи на летната селекција. Според информациите од Белгија, напаѓачот на Бриж, Николо Тресолди, стана една од главните трансфер цели на „росонерите“.
Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, и извршниот директор Џорџо Фурлани, го следат младиот напаѓач веќе некое време, а ситуацијата сега е во фаза каде што се преземени конкретни чекори за комплетирање на договорот.
Милан веќе разговарал со претставниците на Тресолди и верува дека ова би можело да им даде предност на лето, кога Германецот сигурно ќе има многу опции пред себе.
Самиот Тресолди е решен да се пресели на Сан Сиро. Проектот на Масимилијано Алегри и привлечноста на еден од најзначајните стадиони во Европа го убедија да го стави Милан на врвот на својата листа на посакувани дестинации.
Интересно е тоа што овој напаѓач е роден во Италија, но досега настапуваше за младите селекции на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

