Милан му се заблагодари на Серџо Консеисао, следува потпис со Алегри

Италијанскиот калчолигаш Милан му се заблагодари на португалскиот стратег Серџо Консеисао.

Тој дојде на „Сан сиро“ на полусезона и веднаш му го донесе трофејот на клубот од Милано од Суперкупот на Италија.

Играше и во финалето на Копа Италија каде беше поразен од Болоња, а овој пораз и очајната форма во Серија А каде Милан заврши на осмото место и следната сезона нема да игра Европа.

Негов наследник ќе биде Масимилијано Алегри кој останува да биде само официјализиран. Алегри е без работа веќе една година, откако го напушти кормилото на Јувентус, кого го водеше од 2014 до 2019 и од 2021 до 2024 година. Тој беше во Милан од 2010 до 2014 година.

Се вчитува...