Милан му соопштил на Ребиќ на лето да си бара нов клуб

Анте Ребиќ, хрватскиот офанзивен фудбалер идната сезона нема да биде дел од Милан. Според италијанските и хрватските медиуми, „росоњерите“ веќе донеле одлука околу неговата иднина, а наводно на состанок му соопштиле дека на него идната сезона нема да сметаат, и дека може да си бара нова средина.

Иако има договор до 2025 година, сепак, на Хрватот не се смета оваа сезона, а и селекторот Златко Далиќ го отпиша од репрезентацијата поради несогласувања, а тој се откажа од дресот на „коцкастите“.

Ребиќ дојде во Милан во 2018 година од Ајнтрахт Франкфурт за седум милиони евра. Од него многу се очекуваше, но не ги исполни очекувањата и сега ќе си бара нова средина.

Се вчитува...