Милан на италијански „погон“ следната сезона: Тренер, спортски директор и нови играчи… и сите од Италија

Милан на лето планира драстично да ја смени екипата во сите структури, и да биде поголемиот дел со Италијанци. Така екипата може да добие тренер Италијанец, потоа спортски директор од истата националност, како и неколку играчи од Италија.

Најпрво клубот ќе назначи нов тренер на местото на Серхио Консеисао. Меѓу главните кандидати се Роберто де Зерби, Антонио Конте и Масимилијано Алегри.

Клубот исто така ќе назначи и нов спортски директор, а засега како кандидат се поменува Фабио Паратичи, кој во минатото работеше во Јувентус.

Меѓу целите на Милан за засилувања во нападот се Федерико Киеза, Лоренцо Лука и Рикардо Орсолини. Средниот ред би можел да биде засилен со Брајан Кристанте или Лоренцо Пелегрини, но исто така клубот е заинтереисран и за Давиде Фратези.

Во одбраната Милан размислува за Дестини Удоџи од Тотенхем, ако Тео Херандез замине, а би можеле на „Сан Сиро“ да дојдат и Диего Копола од Верона и Пјетро Комуцо од Фиорентина.

Се вчитува...